Хив вирусот се шири низ телото како компјутерски вирус

Еден нов модел на Хив вирусот покажа дека тој се шири низ телото на сличен начин на кој вирусот го инфицира компјутерот. Истражувањата направени во еден универзитет во Лондон, покажуваат дека вирусот се шири преку крвотокот или директно преку клетките.



Тим на научници работеле за да создадат модел за овој вид на „хибридно ширење“, кој може да предвиди колку брзо инфекцијата ќе се претвори во СИДА. Тие земале примери од 17 Хив позитивни пациенти и откриле дека овој вид на ширење е најлогично објаснување за начинот на кој вирусот се движи низ телото. Наодите исто така помагаат за побрзо лекување.

Хив вирусот ги инфицира CD4+ T клетките, кои се клучни за имунолошкиот систем и за превенција на болеста. Како што вирусот ги намалува овие клетки, имунолошкиот систем ја намалува својата функција. Моменталните упатства од Светската здравствена организација сугерираат дека треба да се започне со третманот кога Т-клетките ќе достигнат одредено ниво, но новите наоди покажуваат дека третманот треба да започне веднаш по дијагнозата.

- Бројот на Хив клетки во крвотокот е секогаш намален и нашите модели покажуваат дека вирусот кој се шири само преку крвотокот нема да биде доволен за да предизвика СИДА. Но, тоа е возможно кога Хив клетките ќе се замешаат меѓу голем број на клетки и ќе употребат механизам за пренесување. Како ваков, Хив вирусот директно се шири кон еден дел богат со Т-клетки и откако ќе започне третманот, лекувањето преку крвотокот нема да ја спречи СИДА-та. Нашиот модел сугерира дека целосното блокирање на пренесувањето на вирусот од клетка на клетка ќе го стопира развивањето на СИДА-та, изјави предводникот на оваа студија, професор Бени Чеин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...