Научниците пронашле начин да ги убијат најмоќните болести

Научниците пронашле протеин кој го забрзува имунолошкиот систем за да може да се избори со кој било облик на рак или вируси кои постојат. Научниците на Империјалниот колеџ во Лондон ова откритие го нарекуваат „пресвртна точка“ во борбата против ракот, а лекарите прават генетска терапија заснована на овој протеин. Почетокот на лечењето со овој метод се очекува да започне во 2018 година.



- Ова е многу возбудливо, бидејќи пронајдовме целосно нов начин да го искористиме имунолошкиот систем во борбата против ракот, изјавил професорот Филип Ештон Рикард, од отсекот за имунобиологија.

Научниците истакнуваат дека откритието на овој протеин може да значи почеток на нова револуција во лечењето на голем број тумори.



- Ова е целосно нов протеин. Никој претходно не го ни видел, ниту пак бил свесен дека постои. Изгледа и се однесува целосно поразлично од останатите протеини.

Протеинот наречен LEM (lymphocyte expansion molecule) го забрзува ширењето на Т-клетките во имунолошкиот систем, создавајќи голема количина на енергија. Т-лимфоцитите се познати како клетки-убијци, бидејќи ги убиваат клетките на ракот, вирусите, бактериите... И самото наше тело ја зголемува температурата кога сме болни и потоа следува „поплава“ од Т-клетки, но набрзина тие ја губат силата. Токму протеинот LEM им ја дава потребната сила. Кога тој се вбризгува во организмот, бројот на Т-лимфоцитите се зголемува што ниту еден рак не може да издржи. Исто така, LEМ предизвикува и пораст во меморијата на имунолошкиот систем, кој подоцна успева да ги препознае туморите и вирусите со кој претходно се среќавал и така да ги намали шансите повторно да се вратат во организмот.



Првите успешни експерименти научниците ги извршиле врз глувци, а сега работат на развој на терапија преку која ќе се извадат Т-клетките на пациентите за да се збогатат со LEM протеинот, а потоа да се вбризгаат назад во организмот. Ако овој пронајдок ги издржи и следните тестирања и клинички испитувања, ракот конечно ќе биде поразен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...