Алармантен бројот на заболени од депресија

Моментално во светот 100 милиони луѓе боледуваат од депресија, а се проценува дека за пет години, депресијата ќе се искачи на второ место на листата за најчести болести.



Причините за депресивната состојба се многу сериозни. Ако без одредена причина подолго време не јадеме, не спиеме добро, чувствуваме вознемиреност или трема, би требало да побараме помош од психијатар, затоа што во спротивно, може да станеме жртва на депресијата.

-Сериозната болест мора да трае најмалку две недели за да се покаже дека личноста има депресивна епизода. Тоа што сме привремено тажни, може да биде само почеток, смета д-р Славица Ѓукиќ Дејановиќ, од Белградска клиника за психијатриски болести.

Причините за депресија се различни, а секој од нас различно се однесува кон проблемот.



-Речиси нереално е да очекуваме дека во животот ги нема оние негативни чувства, бидејќи тоа води до некој друг нереален свет. Секој од нас мора да развие одредени стратегии за да се одбрани, смета психологот Тамара Кликовац.

Вознемирувачки е податокот дека дијагнозата се поставува многу доцна дури по 10 години од првиот симптом и тоа во 35% од случаите.

-Често се случува пациентот да ни се јави во четвртата, петта деценија од животот иако прв пат се разболел во втората деценија. Поради тоа важно е на време да размислете за депресијата и тоа е првиот чекор, рано да се дијагностицира и да се препознае, советува д-р Дејановиќ.

Докажано е дека парите и среќата не се гаранција дека нема да се разболиме од депресија.



-Еден мошне мудар кинески филозоф кажал дека ако премногу се занимаваме со минатото не бегаме од депресијата, а ако премногу размислуваме за иднината, за која немаме многу влијание, ќе бидеме неминовно нервозни. Значи, совет за добро и ментално здравје е да живееме сега и овде, советува д-р Кликовац.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...