Револуција: Ауди создаде високо квалитетно гориво од шеќер

Нафтата станува минато?!

Минатиот месец, германскиот произведувач на автомобили Ауди, создаде јаглерод-неутрално дизел гориво направено од вода, јаглерод диоксид и обновливи извори на енергија. Како што велат, нивниот пилот погон поставен во Дресден има капацитет за пумпање на 160 литри вакво гориво кои ќе се употребуваат за нивните Audi A8 автомобили.



Сега, тие најавија производство на нов тип на гориво кое е безбедно за околината и кое не се базира на нафта, наречено „и-бензин“. Произведено во Франција, од страна на партнер компанијата на Ауди, Глобал Биоенерџис, новото еко гориво е направено од глукоза извлечена од пченка, која претставува обновлив извор на биомасен шеќер кој се претвора во гасот изобутан.

Најчесто употребуван во системите за ладење и аеросолите, изобутанот е еден од елементите од кои се состои основата на петрохемиската индустрија. Околу 13 милиони тони од него се извлекуваат на годишно ниво од маслото, а се користат за производство на различни видови на горива, пластика и еластомери. Во овој случај, тимот од Глобал Биоенерџис го измени во чисто, висококвалитетно, безоловно гориво.



Експертите велат дека новото гориво може да се користи како адитив во регуларното безоловно гориво со цел да го направи поефикасно, или пак, да се користи самото како гориво. Со оглед на фактот дека истото не содржи бензол или сулфур согорува многу чисто.

Додека следниот чекор би бил наоѓање начин како да се произведува ова гориво во големи количини, компанијата исто така цели кон изменување на процесот на производство со цел да не биде неопходна употребата на биомасно гориво, туку само на вода, хидроген, јаглерод диоксид и сончева светлина, исто како што го произведуваат нивното ново и-дизел гориво.



- Внесуваме зеленило во поле на кое што очајно му треба такво нешто. Економијата базирана на нафта ја движиме кон нешто што е обновливо и претставува ефикасно решение за иднината, вели Рик Бократ, потпретседател за хемиско инженерство во Глобал Биоенерџис.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...