Од пареа до електрична енергија

Научниците од САД докажаа дека водата што испарува може да биде значаен извор на чиста и обновлива енергија. Новата технологија може да биде мошне корисна со оглед на тоа дека околу 70 процени од планетата е прекриена со вода во процес на испарување.

-Испарувањето е природна сила. Тоа се случува насекаде и е далеку помоќно од другите сили како ветрот и брановите, вели водачот на проектот Озгур Сахин од универзитетот Колумбија.

Тимот на Сахин поставил спори од Bacillus subtilis бактеријата на тенки парчиња лента. Кога воздухот бил сув лентите се собирале, додека кога имало влага се ширеле. Научниците ги искористиле овие ленти (вештачки мускули) и создале направа која лебди на вода.

Влажноста која настанува за време на испарувањето предизвикува ширење на лентите кое ги отвора капаците предизвикувајќи сушење на направата. Откако лентите повторно ќе почнат да се намалуваат на сувиот воздух, капаците се затвораат што овозможува одново да се создаде влага. Тимот го искористил ова отворање и затворање и го поврзал со генератор при што била продуцирана доволно електрична енергија за LED светло.

За потребите на истражувањето е создадена ветерница односно пластично тркало прекриено со лента со спори, кое половина е во сува средина, а половина во влажна. Промената во влажноста предизвикува јазичињата од тркалото да се исправуваат и да се свиткуваат при што се продуцира сила која постојано го врти тркалото.

Користејќи го овој систем, тимот успеа да придвижи автомобил играчка и се надева дека поголеми верзии на ветерницата ќе продуцираат електрична енергија како турбина на ветер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...