Зошто некои луѓе се родени да патуваат?

Некои луѓе одвај ќе ги натерате да станат од креветот, а други изгледаат како да се родени да го грабнат пасошот во рака и веднаш да тргнат во истражување на нови земји. За вторите патувањето е како глад што треба да го задоволат и што постојано ги тера да бараат нешто ново.

Истражувањата сугерираат дека желбата за патување на некој начин е запишана во нашата ДНК или поточно во генот DRD4-7R што е дериват на генот DRD4 инаку поврзан со нивото на допамин во мозокот.

DRD4-7R е уште наречен ген кој предизвикува желба за патување бидејќи го зголемува нивото на љубопитност и нетрпение. Интересно е да се забележи дека според истражувањата генот не е воопшто честа појава и се јавува кај 20 проценти од популацијата.

Претпоставувајќи дека сите форми на човечки живот потекнуваат од Африка, Чунгчинг Чен во 1999-та спровел студија која потврдува дека DRD4-7R почесто се појавува во модерни општества каде што луѓето покажуваат повеќе мигрирачки разлики од местото каде што потекнувале илјадници години порано. Поедноставно кажано студијата на Чен имплицира дека цивилизациите кои се иселиле од Африка, која теоретски се смета за местото од каде потекнува човештвото, почесто се носители на патувачкиот ген DRD4-7R.

Студијата на Дејвид Добс од National Geographic ги потврдува овие тврдења, но сугерира и дека генот не е поврзан само со љубопитноста и нетрпеливоста, туку и со потребата за преземање ризик, истражување, промена и авантура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...