Научна студија: Вампирите навистина постојат

Вампирите се вистински, истакнуваат научниците во извештајот од новата студија. Ова не се однесува на митските суштества кои се претвораат во лилјаци и пијат крв од обичните луѓе, туку на личностите кои тврдат дека им е потребна крв од други луѓе за да имаат енергија и да се здрави.



Професорот за социјални однесувања Д. Ј. Вилијамс кој во рок од 10 години ги проучувал личностите кои тврдат дека се вампири, испитал 11 луѓе од САД и Јужноафриканската република и открил дека во останатите аспекти на живеење воопшто не се разликуваат од другите луѓе. Сепак, тие бараат доброволци кои се спремни да се пресечат и да им понудат крв, со цел да имаат енергија за секојдневно функционирање.

- Тие не се подготвени да посетат лекар, бидејќи се загрижени да не ги окарактеризираат како психопати или да не им забранат да ги извршуваат друштвените улоги и да имаат деца, стои во студијата.

Вистинските вампири велат дека немаат избор и дека кога би можеле немало да пијат крв.

- Повеќето веруваат дека се така родени и дека повампирувањето не дава можност на избор, изјавил Вилијамс, кој сакал со својата студија да ги поттикне научниците да им помогнат на овие луѓе.

За еден вид на вампиризам постои и стручен назив – Ренфилдов синдром. Од него обично патат мажите и се смета дека е поврзан со сексуален нагон. Имено, некои луѓе со овој синдром чувствуваат сексуално задоволство дури кога ќе се напијат крв затоа што веруваат дека крвта им дава мистична моќ.



Неколку случаи се следени медиумски. Таков е случајот со еден Австралиец кој силувал жена и и го одгризал јазикот. Тој подоцна на судењето признал дека крвта морал да ја пие за да преживее. Исто така, минатата година 19-годишно момче од Тексас било уапсено затоа што влегол во нечиј стан и ја гризнал за врат сопственичката. Додека бил во притвор, изјавил дека тој е 500-годишен вампир кој мора да го затворат бидејќи не сака никого да повреди.

Психијатрите сметаат дека пациентите го стекнуваат Ренфилдовиот синдром преку трауматично искуство во детството во кое крвареле или пробале крв, а при тоа почувствувале задоволство. По пубертетот тоа чувство почнува да се поврзува со сексуалното возбудување.

Клиничкиот вампиризам се развива преку три типични фази, а првата е автовампиризам, кој како што кажува и самото име, претставува пиење на сопствената крв. Кога тоа престанува да го задоволува пациентот, тој преминува на животни, а неретко и на луѓе. Забележани се и случаи каде што пациентите крадат крв од болници и лаборатории, а личностите кои се склони кон насилство, може дури и да силуваат, да мачат или да убијат луѓе само за да пијат крв.

Меѓутоа, дури и ако „вампирот“ не биде фатен за своите недела, тој обично е присилен да оди во болница – порано или подоцна.

Имено, пиењето голема количина крв може да биде многу опасно. Крвта е богата со железо, а тоа значи дека голтањето крв може да предизвика срцеви заболувања, откажување на црниот дроб, па дури и некој вид на рак. Ако на време не се лекуваат пациентите, последиците се фатални.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...