Комарците напаѓаат со 3 во 1 стратегија

Мали, но поприлично здодевни, комарците можат да бидат вистински кошмар во долгите топли вечери кога освен со топлината треба да се справуваме и со нивните убоди. Интересно е да се забележи дека нивната стратегија на ловење на жртва е далеку покомплесна од тоа што се претпоставуваше.

Комарците ги ловат своите жртви преку користење на мулти-сензорна стратегија која вклучува мириси, визуелни знаци и топлина на телото, покажува една неодамнешна студија.

Досега беше познато дека комарците се привлечени од мирисот на CO2 гасот кој човекот и животните природно го испушаат. Но, тоа не е единственото нешто што ги привлекува. Тие го користат својот вид за да ја забележат жртвата, додека термичките информации ги користат за откривање на топлината на телото.

Со цел да откријат кога и како комарците ги користат различните типови на сензорни информации, научниците од калифорнискиот Институт за технологија пуштиле гладни комарци во тунел со ветер каде секоја одделна сензорна информација може да биде индивидуално контролирана.

Во еден дел од експериментот висока концентрација на CO2 гас бил инјектиран во тунелот со цел да го имитираа сигналот што го испушта здивот на човекот, додека во другиот дел од експериментот испуштиле воздух со помала концентрација на CO2.

За секоја фаза биле користени по 20 комарци кои биле снимани со видео камери и 3D софтвер за следење на нивното движење.

Добиените податоци му овозможиле на научниот тим да создаде модел на тоа како комарците наоѓаат жртва на различни растојанија.

Кога е на растојание од 10 до 50 метри комарецот го намирисува човекот. Како што се доближува до него на растојание од 5 до 15 метри започнува и да го гледа. Воден од визуелната трага која го привлекува уште поблизу, комарецот започнува да ја чувствува и топлината на жртвата.

-Нашиот експеримент сугерира дека комарците ги забележуваат визуелните знаци само откако ќе детектираат мирис кој индицира присуство на жртва во близина. Тоа им помага да не го трошат своето време на лажни цели како карпи и вегетација, вели водачот на истражувањето Мајкл Дикинсон.

Научниците се надеваат дека новите сознанија ќе им помогнат во тоа подобро да го истражат однесувањето на инсектите како и во создавање на поефикасни препарати за уништување на комарци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...