Нефертити закопана во иста гробница со Тутанкамон?!

Британски археолог тврди дека го пронашол загубениот гроб на египетската кралица Нефертити и тоа во самата гробница во која е пронајден Тутанкамон.

Доктор Николас Ривс, кој работи на Универзитетот од Аризона, вели дека по анализата на цртежите во гробницата на Тутанкамон лоцирана во Долината на кралевите, открил дека постои таен премин кој најверојатно води до гробот на кралицата Нефертити.

Во историјата таа е позната како сопруга на египетскиот фараон Акенатен кој владеел во 14-от век п.н.е во можеби најбогата ера на Египет. Кралицата Нефертити и нејзиниот сопруг за време на своето владеење покренале религиозна револуција во Египет со тоа што го отфрлиле многубоштвото и започнале да го обожуваат богот на сончевиот диск, Атон.

Преку анализата на гробницата на Тутанкамон, Ривс дошол до заклучок дека постојат два тајни премини. За едниот се верува дека води до складиште, додека другиот, кој е лоциран од северната страна, најверојатно ќе ги донесе археолозите до вечното почивалиште на Нефертити. Теоријата на овој британски научник ги објаснува многуте нелогичности во гробницата на Тутанкамон кои со години ја интригираат научната заедница.

На пример фараонот не е закопан на типичен начин на кој се закопувале кралевите, самата гробница повеќе наликува на типична женска гробница, отколку на машка, додека богатството што е пронајдено е второ класно и изгледа како набрзина да било оставено во гробот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...