Бизарна идеја: Уво во рака како уред за слушање

Идејата на австралискиот артист Стеларк можеби е една од најбизарните за кои досега сме чуле, но за него претставува предизвик што едноставно мора да биде реализиран.

На раката на Стеларк има уво кое функционира преку самостоен доток на крв. Иако на прв поглед изгледа како трансплантиран орган од лабораторија во суштина станува збор за вештачко уво кое е прекриено со ткиво и кожа. Благодарение на следните хируршки зафати увото треба да добие уште пореалистичен тридимензионален изглед, но и да се поврзе со ткивото на Стеларк преку матични клетки.

-Процедурата не е легална во САД, па затоа ќе мора да биде изведена во Европа. Станува збор за експеримент и се уште не е сигурно како ќе реагираат матичните клетки, вели тој.

Претходно во увото бил поставен микрофон што потоа бил отстранет поради инфекција. Сега Стеларк се надева дека ќе успее да го замени истиот со бежична единица што трансмитира интернет сигнал и може да биде следена преку GPS.

-Увото не е за мене. Јас имам добри уши. Ова е далечински уред за слушање преку кој другите ќе можат да слушнат се што слушам јас. Тие ќе можат да слушнат разговор, звук или концерт од таму каде што се наоѓам. Нема да има копче за вклучување и исклучување. Ако не сум во Wi –Fi мрежа или го исклучам модемот можеби ќе бидам офлајн, но идејата во суштина е да бидам онлајн постојано, објаснува Стеларк.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...