Часовникот знае: Идеално време за секс, кафе, забар, смрт...

За време од 24 часа, нашето тело се менува и влијае на тоа како се чувствуваме и за што сме најспособни во тој момент. Преку ден и навечер се менуваат различни нивоа на хормони, висина на притисок и висина на телесна температура, а тоа го управува нашето расположение и енергија.



Сè повеќе научни истражувања покажуваат дека не е сеедно во кој дел од денот нешто правиме. На пример, рано наутро најдобро е за водење љубов, а еден час подоцна имаме покачен ризик за срцев удар.

Но, што е со другите доби:

  • 5:48 – Идеално време за секс – нивото на тестостерон кај мажите е од 25 до 50% поголемо, за разлика од останатиот дел од денот, а хормоните кај жената се зголемени. Со тоа, партнерите се опуштени, бидејќи навечер мозокот се регенерира од стресот.
  • 6:53 – Најризично за срцев удар – во ова време, човекот влегува во последната фаза од сонот. Надбубрежната жлезда произведува поголема количина на адреналин за да го шокира нашето тело и така да не разбуди, а со тоа може да предизвика и пукање на крвните садови.
  • 7:25 – Најпопуларно време за станување – истражувајќи ги навиките на Британците, истражувачите дојдоа до заклучок дека ова е просечно време кога луѓето стануваат.
  • 7:40 – Најдобро време да ја измерите телесната тежина – ова е отприлика времето пред појадокот. Тогаш стрелките на вагата ќе покажат колку навистина тежите.

  • 8:30 – Најсреќни сме – мозокот е одмороен, стресот се уште го нема, а проблемите ни изгледаат далеку...Во овој час сме најоптимистични.
  • 9:17 – Најлошо време за кафе – пиењето на утринското кафе има спротивен ефект од оној кој го очекуваме – будењето. Студиите покажуваат дека во тој дел од денот, нашето тело природно е „накофеинирано“ бидејќи е полно со кортизол, хормон поради кој се чувствуваме будно.
  • 10:06 – Изгледаме најдобро – во ова време жените се најубави, бидејќи косата се уште е свежо направена, а шминката убаво прилега. Освен тоа, стресот се уште не си го направил своето.
  • 11:00 – Во овој час се умира – научниците тврдат дека е време за нашата смрт, која ни е запишана во гените, а токму овој час е просечното време кога луѓето умираат.
  • 12:37 – Време е за кратка дремка – температурата на телото паѓа и се произведува мала количина на мелатонин, хормон поради кој ни се спие.

  • 14:00 – Најидеално време за забар – тогаш локалната анестезија делува три пати подолго. Научниците немаат објаснување за ова, но сметаат дека е поради пренасочувањето на енергијата во телото на другите биолошки процеси.
  • 15:13 – Ова е најдобро време за чистење на домот – Координацијата на очите и рацете тогаш е на највисоко ниво како и расположението. Ако не сакате многу да чистите, ова време е идеално и за шиење, перење...
  • 16:41 – Најмалку сме друштвени и не ја импресионираме околината – нивото на енергија по ручекот ни паѓа и ни се намалува способноста за размислување. Тогаш не разговараме паметно. Ако меѓу 16 и 18 часот сте повикани на интервју за работа, ќе имате помалку шанси за да ја добиете.
  • 17:44 – Најдобро време за вежбање – околу 80% од светските рекорди се срушени доцна попладне. Тогаш физички сме најактивни и помалку сме склони на повреди. Освен тоа, мускулите добро се загреани поради изминатиот ден.

  • 18:25 – Најголема шанса за забременување – ако планирате бебе, ова е најидеално време за оплодување. Научниците откриле дека тогаш квалитетот на спермата е најдобра.
  • 22:51 – Креативноста е на високо ниво – кога мозокот ни е уморен, тогаш мислите одлутуваат и стануваме покреативни. Преку тоа, ова е одлично време за потхранување на долгорочните мемории, бидејќи мозокот користи повеќе одредени хемикалии задолжени за памтење.
  • 00:28 – Просечното време за спиење – во зависност од вашиот ден, идеалното време за легнување во кревет е меѓу 22 и 1 часот по полноќ.
  • 4:36 – Време кога бебето доаѓа на свет – низ светот најголем број на бебиња се раѓаат меѓу 3 и 5 часот наутро. Нашето тело со тоа покажува дека ова време е најсигурно и најздраво за раѓање. Причината за тоа е што мозокот е опуштен, како и мускулите во телото, а и чувството за болка тогаш е најмало.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...