Научниците ја подготвуваат еволуцијата на живиот свет на Земјата во единствен проект наречен „Отворено дрво на животот“ (Open Tree of Life). Дрвото се состои од неколку стотини помали стебла, кои опфаќаат речиси 2.3 милиони видови.
Собирањето на сите податоци за живиот свет е многу амбициозен проект од отворен тип, што значи дека постојано ќе може да се дополнува со новите сознанија. Истражувачите откриле дека само една шестина од студиите е објавена во 100 научни магазини меѓу 2000 и 2012 година, кои веќе се достапни во дигитален формат. Тоа значи дека пополнувањето на ова стебло е многу тешка работа.
На овој линк, можете да проследите што е до сега направено.