Сноуден: Вонземјаните користат шифрирана комуникација

Кодираните пораки кои се користат на планетата Земја можеби се премногу комплексни за да се пренесуваат низ Вселената и да дојдат до вонземјаните.

Едвард Сноуден, кој во моментот се крие некаде во Русија, преку видео разговор имаше интервју со Нил деГрас Тајсон каде зачнаа неколку интересни теми, меѓу кои и онаа за вонземјаните.

Запрашан што мисли за кодирањето на пораките во вселената, Сноуден одговори:

-Само во мал дел од развојот на општество на вонземјаните целта комуникација би била испраќана на најпримитивен и незаштитен начин. Ако навистина постојат вонземјани, целата комуникација по правило е шифрирана.

Тој верува дека вонземјаните се мошне паметни, па веќе шифрираат сè што прават.

-Ако се е шифрирано на правилен начин, нема начин како ние би дознале дека нештата се шифрирани. Не можеш да разликуваш шифрирана комуникација од нормалното однесување, додава тој.

Изјавата на поранешниот аналитичар на ЦИА, предизвика голем интерес поради тоа што тој е човекот кој во 2013-та ги откри доверливите информации на Американската агенција за безбедност. Дали можеби Сноуден навести дека вонземјаните се веќе тука?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...