Вода која се јаде: Дали ќе успее да го промени светот?

Дали некогаш сте помислиле дека еден ден, наместо со себе да влечкате пластично шишенце со вода, од вашата чанта ќе извадите балонче кое ќе ви се истопи во устата и ќе ви ја задоволи жедта? Токму тоа сега е и возможно.

Секојдневно се зборува за тоа колку е важно да се внесе доволна количина на вода во организмот, а овој феноменален изум може да ви ја олесне целата работа. Станува збор за вода која се јаде.



Специјалниот меур, кој е биоразградлив, го измислиле лондонските научници од „Skipping Rocks Lab“, а се нарекува „Ooho“. Судејќи по сè, ова е револуција во пакувањето на вода која ќе ги промени нашите навики.

Водениот меур, кој по малку личи на силиконски инплант, се прави така што замрзнатата вода се „капсулира“ во повеќеслојна мембрана изградена од калциум хлорид и кафеави алги.

Процесот се базира на кулинарски техники на сферификација, што всушност претставува обликување на течни состојки во кулинарството, како би се зачувале обликот и текстурата на течноста во јадењата.

Сè уште не може да се каже дали ова е идеалното пакување за вода, бидејќи не може едноставно да го ставите во чантата без грижи, но Ooho има голем потенцијал да го испрати пластичното шишенце во историјата.

Само во САД, на годишно ниво се исфрлаат 50 милијарди пластични шишиња, што е значителен еколошки фактор. Доколку новиот воден меур, кој е биоразградлив, дојде на сцена, таа слика сигурно би се променила, што би било одлично за зачувувањето на животната средина.

Овој воден меур е органски и може да се изеде, но не мора доколку таа идеја не ви се допаѓа. Можете едноставно да ја испиете водата од него и да го фрлите остатокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...