Шампањот нè штити од оваа лоша болест?!

Резултатите од една неодамнешна студија покажале дека фенолните соединенија кои се наоѓаат во шампањот имаат благотворен ефект врз здравјето и можат да ја спречат дегенерацијата на нервниот систем за време на стареењето.



Студијата била спроведена врз стари глувци кои биле поделени на две групи – на стаорците од првата група истражувачите во период од шест недели им давале шампањ три пати неделно како суплемент, додека на другите не им давале.

Кај глувците кои консумирале шампањ било забележано подобрување на меморијата, благодарение на што тие подобро се снаоѓале во лавиринтот, што истражувачите го поврзале со влијанието на фенолните соединенија кои го штитат организмот од дегенеративните промени.

Сепак, да се верува дека шампањот може да им помогне на луѓето кои патат, на пример, од Алцхајмерова болест, би било премногу поедноставено објаснување кое и нема голема поврзаност со реалноста.



Шампањот не е никаков посебен еликсир на младоста, со оглед на тоа што фенолните соединенија можат да се најдат и во кафето, чајот, грозјето, боровинките, кивите, сливите, црешите, цитрусното овошје, црвеното вино, пченката, пченицата, како и во многу други намирници. Одредена количина на фенолни киселини е присутна и во човечката урина.

Истражувањето всушност покажало дека малите дози на фенолна киселина директно влијаат на делот од мозокот поврзан со складирање на нови информации. Сепак, тоа не значи дека ова соединение има ист ефект и врз луѓето.

- Во блиска иднина ќе настојуваме ова сознание да го примениме и врз луѓето. Ова е постигнато и со други намирници богати со полифеноли, како што се боровинките, а веруваме и дека умерената количина на шампањ може да помогне, изјавил Дејвид Ваусоур, еден од истражувачите во оваа студија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...