Во следните три века ќе исчезнат повеќе мегаполиси

Њујорк/Рим, 11 ноември 2015 (МИА) - Како последица на глобалното затоплување и зголемувањето на нивоата на океаните во следните еден до три века целосно или делумно ќе исчезнат повеќе големи градови во светот, се наведува во анализата на американската невладина организација Клајмат Сентрал.

Оваа организација која обединува американски научници, новинари и експерти од сферата на климатските промени предвидува дека меѓу мегаполисите на кои им се заканува целосно или делумно исчезнување се и Лондон, Њујорк, Шангај, Хонг Конг, Мумбај, Рио де Женеиро и Неапол. 

Клајмат Сентрал оценува дека ваквото поплавување ќе биде последица на натамошната емисија во земјината атмосфера на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина и придонесуваат за глобалното затоплување.

Според анализата, до крајот на овој век просечната температура на воздухот ќе се зголеми за четири степени Целзиусови, што ќе доведе до топење на мразот околу Северниот и Јужниот Пол и до покачување на нивото на океаните и морињата.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, како последица на овие глобални климатски промени во следните два века под вода ќе се најде површина од Италија на која сега живеат околу 4,7 милиони лица, што претставува околу четири проценти од вкупнато население на земјата.

Венеција и Пиза ќе се најдат целосно под вода, додека Неапол и Равена ќе прераснат во острови, наведува италијанските медиуми повикувајќи се на анализата на Клајмат Сентрал.

Според експретите на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, процесот на глобално затоплуање на земјата е неповратен и единствен начин за избегнување на ваквите катаклизмички предвидувања е итно изготвување на глобална политика за климата, со што растот на просечната температура до крајот на овој век би се ограничил на само два степени Целзиусови.

Дури и да се оствари оваа цел, зголемувањето на нивото на океаните предизвикано од порастот на температурите за два степени, ќе резултира со поплавување на подрачја на кои сега живеат околу 130 милиони луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...