Вештачки бубрег на „природно“ напојување

Научниците од University of California, San Francisco (UCSF) и Vanderbilt University развиле вештачки бубрег кој користи силиконски нанофилтер за да ги отстрани токсините, солите и водата од крвта кај пациентите со хронична болест на бубрезите на кои им е потребна секојдневна дијализа.



Сега засега во фаза на прототип, овој уред успеал комплетно да ја имитира функцијата на човечкиот бубрег, а за негово функционирање не е потребна никаква пумпа или батерија/електрична енергија, туку работи исклучиво со помош на крвниот притисок на пациентот. Се вградува близу бубрезите ( кои што нема да треба да се вадат), и се поврзува директно со бешиката и околните крвни садови. На тој начин би работел 24/7 и би ја елиминирал потребата од класичната дијализа.

Двете главни негови компоненти се хемофилтерот, кој користи мембрана за филтрирање изработена со силиконска нанотехнологија, како и биореактор кој ја реабсорбира солта и водата притоа не реабсорбирајќи ги и токсините. При овој процес не се нарушува биолошката активност како што е авторегулацијата на крвниот притисок и произведувањето на витаминот D.



Овој проект е веќе селектиран од US Food and Drug Administration (FDA) за да влезе во програма наменета да го забрза развојот на медицински уреди со потенцијал да се борат против животно загрозувачки или неизлечиви болести, а целта е веќе во оваа декада да се појави на комерцијалниот пазар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...