Први фотографии на единечни протеини

За првпат во историјата научници успеале да снимат фотографии на единечни протеини, благодарејќи на материјалот графен (graphene), кој е ултра-тенок карбон.

Досегашните модерни техники за микроскопско фотографирање ( како X-Ray crystallography или cryo-electron microscopy ) имаат потенцијал да ги уништуваат деликатните (протеински) молекули, бидејќи осветлување на мноштво молекули со рендгенски зраци или високо-енергетски електрони го оштетуваат протеинот. Доколку некој дел е оштетен, тој нема да се прикаже на фотографијата. Друг проблем е што молекулите се постојано во движење, што го отежнува целиот процес на нивно фотографирање.



Тим на истражувачи од University of Zurich на чело со Jean-Nicolas Longchamp откриле нов начин кој ги држи молекулите „мирни“.

Процесот почнува со прскање на раствор од протеини врз тенок лист графен, кој ги фиксира молекулите во место. Листот/слајдот потоа се поставува под електронски холографски микроскоп, кој користи електронски бранови за да создаде слика, а бидејќи овие електрони се со ниска енергија, не го оштетуваат протеинот.

На овој начин тие успеале да фотографираат единечни протеини (со големина од неколку нанометри) што со ниедна друга традиционална техника не би било возможно. Како што може да се види и од сликата, добиените резултати се скоро идентични со моделите на молекули произлезени од досегашните истражувања.

Во иднина, со овој метод ќе може да се разгледува разликата во структурата на молекулите кај здрава личност и некој со болест предизвикана од дисфункционални протеини, како што е Алцхајмеровата, што ќе придонесе за многу поголеми шанси за навремено забележување и третирање на болестите од овој тип.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...