ЖИВОТ ПОД ВОДА, ВО ЛЕДЕНА ДОБА ИЛИ ВО ВСЕЛЕНА?

Како ќе еволуира човечкото тело во иднина?

Сведоци сме на постојани промени на нашата планета, за која само ние можеме да се грижиме. Глобалното затоплување и неговите последици, особено топењето на мразот, би можеле да го наведат човекот да развие нови способности само за да преживее.

Но, ова не е ништо ново со оглед на тоа дека милиони години наназад луѓето морале да се прилагодуваат на своето опкружување.



Научниците предвидуваат неколку сценарија, кои се клучни дека ќе го променат начинот на живот и човечкото тело.

Првото сценарио е живот под вода, каде што човекот мора да развие шкрги за да може да дишe. Исто така ќе има долги нозе и раце со перки, неговите бели дробови ќе се намалат, а влакната значително ќе исчезнат со цел послободно да се движи низ водата.

Ќе се променат очните капаци, а неговите очи ќе бидат слични на мачкини за да може да гледа во полумракот.



Второто сценарио е ледена доба, каде што човекот ќе има исклучително бледа кожа, бидејќи многу помалку ќе се изложува на сонцето и ќе има помали количини на витамин D. Исто така, ќе имаме поголеми тела за полесно да се одржуваме во живот со оглед на тешките услови.



Последното сценарио, кое може да настапи ако се случи катаклизма на Земјата, е живот во Вселената, каде што човекот мора да се прилагоди на гравитацијата. Во иднина, научниците предвидуваат дека може да изгледаме како орангутани, со долги екстремитети. Со оглед на тоа дека ќе се храниме преку сламка, можно е да ги изгубиме вилиците со сите заби и лицето да ни се издолжи.



Ако се свртиме наназад, ќе забележиме дека денешното тело е значително променето од она на пример во каменото доба. Исто така, тоа се разликува во однос на средината. Оние што живеат на планина, имаат поразвиени бели дробови, додека оние кои живеат на северните предели имаат посветел тен за полесно да ги апсорбираат сончевите зраци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...