kapital

Вештачки аксони за опоравување мозоци

Научници од Penn State развиле вештачки аксони (делови од невронот кои ги пренесуваат електричните импулси и ги поврзуваат невроните) кои можат да се користат да ги заменат оштетените, во мозоци на лица кои претрпеле повреди на главата.



Новиот изум тие го опишуваат како micro-TENNs (micro-tissue engineered neural networks/неурални мрежи создадени од микро-ткиво), и тестирајќи го во мозоци на глувци тие успеале со него да пренесуваат информации преку невроните и аксоните цели 22 дена. Micro-TEENs-ите исто така биле многу по отпорни на сила во споредба со други слични артифициелни структури, а тоа било постигнато со додавање на ултра-тенок слој на гел кој често се користи во биомедицинските продукти. Технички кажано, тие користеле цилиндричен калап од агароза (шеќер) кој го исполниле со екстрацелуларен матрикс (колекција од молекули кои овозможуваат структурална и биохемиска поддршка на околните клетки), што откога ќе се внесе во мозокот, им овозможува на аксоните и невроните поврзани со нив да растат во кортексот и таламусот.



Повеќето неуродегенеративни болести (како Паркинсоновата, Алцхајмеровата и Хантингтоновата) влијаат на мозокот со тоа што ги уништуваат невроните и ги оштетуваат аксонските патишта, резултирајќи со губиток на моторните функции, меморијата, како и останатите мозочни функции. Иако порано се сметало дека оштетувањето на аксоните и невроните е неповратно, новите истражувања го покажуваат токму спротивното – дека мозокот може да научи да се опоравува од претходните оштетувања. Доколку micro-TENN технологијата е успешна, тоа значи дека оштетувањата на мозокот ќе може да се поправат и дека ескалацијата на одредени болести (како Паркинсоновата) ќе може да се запре, па дури и да се ублажат симптомите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...