Успешно продолжување на живот на глувци

Истражувачи од Mayo Clinic успешно продолжиле животен век на глувци за 17% до 35%, со наредна цел да се истражи дали сличен третман би дал резултати и кај луѓето

Oва било постигнато со чистење на организмот на глувците од остарените (senescent) клетки кои престанале да растат и да се двојат, а чиј што број се зголемува со стареењето. За тоа се користела состојката позната како AP20187, во комбинација со transgene – генетски материјал префрлен од друг организам (самите глувци не биле генетски модифицирани), што резултирало со продукција на моќен протеин наречен caspase кој, откога клетката ќе го произведе, умира. На овој начин тие всушност го „вклучиле“ самоуништувањето на овие клетки. Инаку, имунолошкиот систем си има сопствен механизам за прочистување од ваквите клетки, меѓутоа со староста тој станува сè помалку ефективен.

Третманот не само што го продолжил нивниот живот, туку и ткивото било повеќе сочувано, органите ја задржале својата функција, а било одложено формирањето на тумори. Глувците на кој им бил направен овој третман имале значително помало воспалување на ткивото во однос на „обичните“ глувци, бидејќи остарените клетки кои се акумулираат во организмот со години ги оштетуваат околните здрави ткива и органи, што е причина за повеќето болести поврзани со староста.



Ова може да се забележи на сликата  долу – десно е глушецот врз кој бил извршен третманот со чистењето, додека лево е нормално остарен глушец, кај кој што со тек на времето се развила грбка,а воедно и ослепел.

Бидејќи елиминирањето на овие клетки поминало без несакани ефекти, наредна цел е да се изнајде третман кој ќе може да се примени на луѓето, што во теорија би го продолжил животниот век за 20-30 години повеќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...