Направете му IQ тест на вашето дете

Знаевте ли дека едно обично зрно грозје, може да ви помогне да го откриете коефициентот на интелигенција на вашето дете? Не се работи за трка со јадење или слично, туку мошне едноставен експеримент кој можете да го испробате самите.



Токму ова истражување било извршено врз 20 месечни деца. Тестирањето трае само една минута, а како што тврдат научниците, многу е ефикасно за откривање на степенот на концентрација при учење и дали детето ќе биде добар ученик. Истражувањето течело на тој начин што истражувачите пред бебињата ставале зрно грозје покриено со пластична чаша. Им рекле да почекаат 60 секунди пред да смеат да го допрат или изедат грозјето.

Резултатите од истражувањата покажале дека децата кои ги послушале упатствата и почекале 60 секунди пред да посегнат по грозјето, подоцна биле подобри на училиште, од оние кои веднаш го изеле. Исто така откриле дека кај предвремено родените деца биле поголеми шансите да го изедат грозјето пред даденото време.

Истите деца повторно ги испитувале кога имале 8 години и тоа со три различни теста. Кај децата кои успеале да му одолеат на грозјето во рок од 60 секунди, откриено е дека на нивна возраст имаат за 7 бодови поголем коефициент на интелигенција, за разлика од оние кои побрзале да го изедат. Истражувачите заклучиле дека колку полош бил резултатот на тестот со грозјето, тие деца биле изложени на поголем ризик за ниска концентрација и послаби резултати на училиште.

- Играта со грозјето е лесен и ефикасен експеримент кој добро ја проценува самоконтролата кај малите деца, а потребни се само 2 минути. Исто така може да се користи и во клиничка пракса за да се откријат проблеми со вниманието и учењето кај детето, изјавил професор Деиетер Волке, предводник на истражувањето.

Овој тест е сличен и со тестот со колач, од касните 1960-70 години во кое се утврдува самоконтролата на детето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...