Можна метода за зачувување на мозоци и информациите во нив

Научниците во 21st Century Medicine laboratories во Калифорнија работат на процес за зачувување на мозок, заедно со сите негови мисли, чувства, мемории и сето она што не прави она што сме.

Оваа лабораторија е специјализирана за криопрезервација на човечки органи и ткива користејќи криопротектанти (поточно, антифриз супстанци), а во 2009-та имале објавено научно истражување во кое била документирана успешнатата процедура за трансплантирање на зајачки бубрег кој бил „пригреан“ откога бил криозаштитен и замрзнат на -135 целзиусови степени со процесот наречен витрификација (кога, наместо да замрзнат, молекулите од ткивото почнуваат да се движат сè побавно и побавно, и на температури под -100 степени запираат во место при што водата во ткивото се стврднува, но не замрзнува).

Сега, истиот тим нуди награда (Brain Preservation Technology Prize) од над 106.000 долари која треба да ги охрабри останатите научници да успешно зачуваат голем животниски мозок на начин кој би можел да се примени и на човечкиот мозок кај пациенти во болница или хоспис (hospice) веднаш по нивната клиничка смрт.

Моментално, тие работат на експеримент каде што на зајачки мозок му се дава инфузија преку каротидните артерии (оние во вратот), составена од микс од неколку супстанци од кои едната е глутаралдехид, која ги сврзува протеините од ткивото во цврст гел. Мозокот потоа се отстранува и потопува во етилен гликол, криопротективен агент кој не дозволува формирање на лед при чување на мозокот на температури од -130 целзиусови степени. При вакви услови, мозокот станува цврст и „стакловиден“, додека хемиските реакции се толку забавени да можат да бидат сочувани со милениуми.

Доколку сето ова успее, дали тоа значи дека мозоците можат да се сочуваат и повторно да се „вратат во живот“, можеби преку преземање/„upload”-ирање на информациите од нив во компјутер, или можеби во вештачко тело? Научниците одговорни за овој експеримент велат дека се скоро сигурни дека преземањето на информациите од еден така сочуван мозок е возможно, бидејќи сите нивни модели на невронски мрежи покажале дека перцепциските и сензомоторните мемории се складирани како статични промени во синапсите помеѓу невроните – токму она што оваа технологија е дизајнирана да го сочува „живо“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...