Нов метал со карактеристики на човечки мускул

Научниците од HRL Laboratories од Малибу успеале да ги реплицираат карактеристиките и реакциите на човечките мускули, во нов вид на метал.

Човечките мускули се способни да се адаптираат на ситуациите во кои што се користат – се стврднуваат кога вршиме тешка физичка работа, или пак се релаксираат/омекнуваат кога работиме нешто деликатно, како на пример сликање/цртање. Овие карактеристики, барем досега, било тешко да се реплицираат во механичките системи, поради нивната комплицираност но и висока цена.

Научниците од HRL Laboratories создале технологија наречена „variable stiffness vibration isolator” (изолатор на променлива вибрација на вкочанетост) , која е способна состојбата на металот да ја промени од комплетно вкочанета во мека, со притисок на едно копче.

Каде оваа технологија би имала примена? Структурите направени од цврст материјал (како роботските раце во автоматизираните фабрики или амортизерите на камионите) се способни да издржат огромни товари, но доколку нешто им ја измрда базата/основата, целата структура станува нестабилна. Од друга страна пак, структурите направени од меки материјали се стабилни при потреси/измрдувања, меѓутоа не се способни да издржат поголем товар. Со помош на оваа технологија, би можеле да се изработуваат машини кои не само што би биле стабилни и флексибилни, туку и би издржувале големи товари.

Научниците веруваат дека технологијата ќе биде доволно ефтина за масовна изработка, и дека би имала огромна примена во роботиката (за изработка на роботски екстремитети кои ќе имаат карактеристики на човечките мускули), но и во автомобилската индустрија (за изработка на системи за амортизација со кои воопшто нема ни да се осеќаат дупките и испакнатините на патот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...