НАУКА НА СМРТТА

Што се случува со телото откако ќе умреме?

Сакале или не, медицината сè уште не открила начин како да ја спречи смртта. Постојат разни претпоставки околу тоа што се случува со нашето тело откако ќе умреме, но вистината е една. Тоа се распаѓа и процесите што следат воопшто не се убави за гледање.

Првите неколку часа

Во првите неколку секунди откако ќе настапи смртта телото останува без кислород и престанува секаква активност. Невроните ја прекинуваат својата работа со што мозокот повеќе не испраќа информации до преостанатите делови од телото. Мускулите се опуштаат и кожата станува сива како резултат на тоа што нема циркулација на крвта. По 12 часа телото го достигнува максимумот во промената на бојата. Овој процес им помага на вештаците да го одредат времето на смртта доколку се прави обдукција. Три до шест часа по смртта, настапува мртовечката вкочанетост како резултат на хемиската промена што се случува во мускулите.

Неколку дена по смртта

Доколку не биде балсамирано, телото полека започнува да се распаѓа. Недостатокот од крв предизвикува зголемување на нивото на CO2, а тој пак ја зголемува pH вредноста на ткивата. Ова ги ослабнува мембраните на клетките и тие започнуваат да се распрснуваат испуштајќи материи кои го забрзуваат распаѓањето. Бактериите во дигестивниот систем на кои не им е потребен кислород започнуваат да се размножуваат и да ги разјадуваат органите. Процесот мириса мошне лошо и предизвикува уште поголемо распаѓање.

Првите неколку недели

Во текот на овој период црвите започнуваат да уништуваат и до 60 проценти од телото. Во рок од 20 до 50 дена по смртта настанува ферментација што привлекува уште повеќе микроорганизми, ларви и фунги. Сувото распаѓање може да трае цела година.

По 1 година и повеќе

Што и да остане од телото е изедено од растенијата и бактериите. Земјата може да го декомпонира секој дел од него, додека не се распадне до молекули кои подоцна ќе бидат рециклирани во природата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...