Инвалидска количка контролирана со мисли

Истражувачите од Duke Health развиле безжичен кортикален интерфејс кој го поврзува мозокот со машина (BMI – Brain Machine Interface) што им овозможил на тест мајмуните да управуваат со роботска инвалидска количка користејќи ги само мозочните бранови.

Тимот на истражувачи имплантирале мултиканални низи од микроелектроди во мозоците на два мајмуни, кои безжично ги снимале електричните импулси генерирани од нивните мозочни клетки. Потоа, бил развиен алгоритам кој ги интерпретирал моделите на овие бранови, ја утврдувал намерата на мајмуните, и тие команди ги испраќал од мозокот директно во инвалидската количка.



Резултатите покажале дека со тек на времето, мајмуните ги подобрувале навигациските способности за движење на количката во правец на наградата, која во случајов била сад со грозје.

Податоците исто така индицирале дека количката била асимилирана од мозокот на мајмуните како екстензија на тоа како телото се перцепира самото – со други зборови, тие почнале да мислат дека таа е дел од нивните тела.

Научниците велат дека не се фокусирани на количката, туку дека паралелно со овој проект (после 17 годишни истражувања) развиваат и роботски егзоскелети кои би им помогнале на парализираните пациенти да си ја повратат мобилноста во целото тело, и да проодат со помош на нив во комбинација со интензивен BMI тренинг. Со оваа метода, пациентите би можеле да покажат и знаци на делумно невролошко закрепнување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...