Откриен „центар за агресивност“ во мозокот

Луѓето, но и животните понекогаш делуваат злобно, па ги вознемируваат другите без никаков мотив или оправдување. Токму затоа истражувачите од универзитетот во Њујорк решија да истражуваат дали е можно да се забележат рани знаци на насилство, малтретирање, па дури и сексуална агресија.



- Нашата студија се сконцентрира на мозочните циклуси кои се од суштинско значење за агресивните мотиви кои се создаваат во моментот кога животните се подготвуваат за напад, вели предводникот на ова истражување, д-р Даи Лин, професор на институтот за неврологија.

Еден дел од мозокот кој се вклучува пред агресивното однесување анатомски е познат како вентролатерален дел од вентромедијалниот хипоталамус. Научниците велат дека ова откритие може да доведе до создавање на лекови кои ќе им помогнат на луѓето да го контролираат насилното однесување. Со цел да го откријат ова, тие направија истражувања врз глувци.

Најпрво тренираа мажјаци да ги напаѓаат послабите глувци и потоа ги набљудуваа со цел да откријат колку агресивно пристапуваат врз послабите глувци. Научниците им всадиле електроди во мозоците на мажјаците, со цел да ја бројат нервната активноста, пред и по напаѓањето.



Открија дека активноста во нервните клетки на вентромедијалниот хипоталамус се зголемува кога посилните глувци ги душкале послабите глувци, при тоа без да ги гледаат. Исто така активноста уште повеќе се зголемувала откако тие ја гледале целта која сакаат да ја нападнат.

Ова откритие укажува на тоа дека овој дел од мозокот навистина игра главна улога во непровоцираното насилно однесување. Коментирајќи го откритието, д-р Лин објаснува дека информациите до кои истражувањето дошло, може да водат до понатамошни истражувања за агресивните импулси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...