Компјутерски чип со живи мозочни клетки

Стартап компанијата Koniku развила прототип на 64-невронски силиконски чип, кој е всушност направен од живи мозочни клетки

Првата употреба на овој чип е во дрон кој може да намирисува експлозиви. Идејата за тоа дошла од одушевеноста на Osh Agabi (кој е сопственик на компанијата) со моќната способност на пчелите да детектираат и интерпретираат мириси (што им помага во навигацијата при движењето), кој помислил што би се случило кога би го екстрактирале само делот од мозокот задолжен за тоа, и би го вметнале во дрон.

Таквиот дрон би можел да намирисува бомби од далечина од неколку километри, а би се користел и за извидување на фарми, рафинерии, производствени погони – секаде каде што здравствените услови и безбедноста би можеле да се извидуваат и мерат преку сетилото за мирис, бидејќи не постојат силиконски уреди кои имаат степен на чувствителност каков што го наоѓаме во биологијата.

За да го создадат првиот функционален прототип, тимот на научници требало да решат три проблеми:



- Да ги структурираат невроните на ист начин како што се структурирани во мозоците

- Да читаат и запишуваат информации во секој неврон посебно

- Да создадат околина во која невроните ќе бидат стабилни

Користејќи индуцирана плурипотентна технологија за матични клетки, метода каде што обичните клетки од возрасен примерок (од кожата, на пример) се генетски репрограмирани да се претворат во матични клетки, тие биле способни секоја клетка да ја претворат во неврон.

За да тие бидат функционални, била креирана специјална обвивка околу секој неврон, преку која тимот на Koniku можел да ја контролира температурата и pH нивоата, како и да испраќа хранливи материи кои ги одржувале невроните во живот. Тие исто така можеле да контролираат како невроните комуницираат меѓу себе, додека се во овие обвивки.

Со помош на електроди под обвивките, тие можеле да ги читаат и впишуваат информациите од/во невроните, користејќи електрицитет, светлина или хемиски материи.

Со само 64 неврони, тие успеале во дронот да „вградат“ сетило за мирис. Според тврдењата на Koniku, чип со...

- 500 неврони може да напојува автономно возило

- 10 000 неврони може да процесира слики во реално време, со квалитет како човечкото око

- 100 000 неврони би овозможиле роботика со овозможени неколку сетила

- 1 милион неврони би овозможиле изработка на компјутери кои можат самите да размислуваат

Со оглед на тоа дека има 100 000 неврони во мозочна маса со големина на зрно песок, замислете што би можело да се направи со развивање и усовршување на оваа технологија, и нејзино интегрирање со електронски делови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...