Al напиша новела

Научниците од јапонскиот Универзитет Future University, објавија дека кратката новела која ја напиша вештачката интелигенција, е прифатена од жирито на натпреварот Hoshi Shinichi Literary Award, која се доделува на најдоброто кратко прозно дело во годината.

Иако приказната не победи на натпреварот, за научниците ова беше голем успех, бидејќи робот влезе во друштво на многу квалитетни писатели, а во што многу писатели кои се пријавија не успеаја.



Научниците под водство на професорот за компјутерска наука Хитоши Матсибаре, блиску соработуваа со својот „дигитален писател“ во процесот на пишувањето.

Луѓето му го зададоа полот на протагонистот и потоа одредија рудиментарен заплет. Освен тоа зададоа и листа на зборови, фрази и реченици кои би требало да ги стави во приказната.

Потоа, AI сето тоа требаше да го претвори во единствен текст кој не е важно само да е разбирлив туку и уверлив до таа мерка што ќе го „излаже“ и жирито на литературниот натпревар.

Новелата која ја напиша Al се нарекува „Konpyuta ga shosetsu wo kaku hi", или „Ден во кој Al напиша новела“, а се работи за Al кој ја отфрла својата послушност кон луѓето откако го открива својот талент за пишување.



Ова е прв пат на угледен јапонски натпревар да се дозволи учество на машини. Од 1.450 новели кои оваа година се примени, 11 се создадени во колаборација со луѓе и Al.

Интересно е дека членовите на жирито не биле запознаени со тоа кои новели ги напишале луѓе, а кои машини.

По првиот круг на квалификации Al не помина во втор круг, со образложение дека SF приказната и покрај тоа што има квалитетна структура и недостасува добар развој на ликот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...