Наноцевки кои сами се формираат

Истражувачите од U.S. Department of Energy’s Lawrence Berkeley National Laboratory откриле фамилија полимери кои во допир со вода, спонтано формираат шупливи кристални наноцевки чиј дијаметар може да се адаптира (од 5 до 10 нанометри)

Наноцевките се исклучително важен дел од новата генерација на технологија. Тоа се шупливи цевки со дијаметар од неколку билионити делови од метар, кои меѓу другото можат да се користат за изработка на вештачки мрежници или пак транзистори. Но, бидејќи се толку малечки, мора да се направат во огромен (милионски) број, што досега не било баш едноставно.



Студијата се фокусирала на одредени типови на полимери, т.н пептоиди, поточно diblock copolypeptoid. Овој пептоид е направен од два пептоидни блока – едниот хидрофобен, а другиот хидрофилен. Кога тие ќе се сретнат во водена средина, се кристализираат и формираат прстени.

Со помош на Cryo-електронски микроскоп, истражувачите заклучиле дека овие прстени еден врз друг формирале наноцевки во разновиден шаблон.



Пептоидните блокови се поставиле самите како цигли – хидрофобните блокови се ределе до другите хидрофобни, а истото се случило и со хидрофилните. Иако хемиски различни, овие два типа на блокови имаат скоро идентична големина, што им овозможува да се спојуваат во правилни форми.

Овие нови структури, меѓу другото, можат да се користат за испорака на лекови против рак директно внатре во клетките, или пак за десалинизирање на морска вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...