BioPen – пенкало за 3D принтање ткива при операции

Тим од австралиски хирурзи и истражувачи развиле пенкало за 3D принтање кое им овозможува на хирурзите, за време на операција, да цртаат и „вајаат“ импланти од ’рскавица направена од човечки матични клетки



Артритисот е состојба која ја имаат над 350 милиони луѓе низ светот, која што предизвикува распаѓање на ‘рскавицата во зглобовите, што предизвикува огромна болка. Бидејќи ‘рскавицата нема крвни садови или нерви во неа, не може самата да се обновува и понекогаш единствен лек за оваа состојба е инвазивна операција каде што треба да се дупчат коските и имплантираат претходно изработени импланти во регионот зафатен од болеста.

Но сега, тим од австралиски хирурзи и истражувачи од ACES (ARC Center of Excellence for Electromaterials Science) и St.Vincent болницата од Мелбурн, измислиле нова метода за третирање на артритисот. Се работи за пенкало за 3D принтање, наречено BioPen, кое што на хирурзите им овозможува да принтаат ‘рскавица директно во телото на пациентот, како материјал користејќи микс од неговите матични клетки и заштитно хидрогелно биомастило.



Кога матичните клетки се „принтаат“ врз регионот зафатен од болеста, тоа биомастило ги заштитува додека растат/се обновуваат, при што се зацврстува за по одреден период комплетно да се разложи внатре во телото. Лабораториските тестови покажале дека повеќе од 97% матични клетки биле сè уште живи по една недела од нивното аплицирање.

Со BioPen, медицинските лица ќе можат да принтаат импланти „на лице место“, значајно забрзувајќи ја целата процедура на лечење на артитичните зглобови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...