Кликс - Сараево

Климатските промени не прават се поболни

Климатските промени ќе остават големо влијание врз физичкото и менталното здравје на луѓето, негативно влијаејќи на сè, од квалитетот на нашата исхрана до појави на пожари во населените подрачја. Ова се резултати од американскиот федерален извештај за заштита на околината.

 

Џина Меккарти, администраторка на американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА), наведе дека најновиот федерален извештај е посветен на последиците од глобалното затоплување и порачува дека не се работи само за „глечерите и поларните мечки, туку и за здравјето на нашите семејства и децата‟.



- Климатските промени го загрозуваат нашето здравје на начин што влијаат на нашата храна и изворите за вода, воздухот кој го дишеме и времето кое не служи. Климатските промени дополнително ќе ги влошат постојните проблеми и ќе создадат нови, вели Меккарти за „Хафингтон Пост“.

Извештајот го објави американската ЕПА, заедно со извештаите на експертите на други пет федерални агенции кои се бават со оваа тематика.



Меѓу другото, во извештајот стои дека климатските промени ќе ја загрозат храната која ја јадеме, а поголемите концентрации на јаглерод диоксидот во атмосферата ќе ги намалат нутритивните вредности на посевите, како пченицата и оризот.

Од алергии и астма веќе страдаат многу луѓе, но повисоките температури, заедно со подолгите сезони на полен и загадувањето на воздухот, дополнително го влошуваат овој проблем. Сезоната на поленот трае подолго од кога било, а во периодот од 1995 до 2011 година таа се зголеми до дури 27 дена.

Се проценува дека до 2030 година екстремните суши и жештини во текот на летните месеци ќе доведат до голем број предвремени смртни случаи, а во САД овој број ќе биде за 11.000 поголем од што бил во 1990 година. До 2100 година, наведуваат експертите, тој број може да се зголеми за 27.000 смртни случаи повеќе во однос на 1990 година.

Во исто време, промената на температурата ќе доведе до ширење на болести кои се пренесуваат со храната, како салмонела и норовирус.



Климатските промени доведуваат и до ширење на болести кои ги пренесуваат комарците и крлежите, како што се маларија, жолтица и денга треска, вирусот на западен Нил, лајмска болест, различни бактериски инфекции итн.

Покрај тоа, глобалното затоплување доведува и до појава на суши, поплави и пожари, поради што многу луѓе го губат својот имот или ќе мора да се селат во други региони.



- Ако сакаме да ги спасиме нашите и идните генерации, мора да се позабавиме со проблемот за климатските промени. Не можеме да ги игнорираме, тие се веќе тука и без оглед на тоа што ќе направиме, тие не можат да бидат запрени преку ноќ. Климатските промени се сериозен проблем кој влијае на толку многу нивоа и сметам дека ова е најсериозна закана со која се соочува човештвото, вели Џина Меккарти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...