Соларни ќелии тенки како меур од сапуница

Кога се појавија, соларните панели беа користени исклучиво на сателитите и вселенските станици. Со тек на времето технологијата се усоврши и цената на нејзината изработка значително се намали, па така денес таа се користи од мали преносни полначи за мобилни уреди, до такви кои напојуваат цели домови па и аеродроми.



Нов голем чекор во поглед на унапредување на оваа технологија е направен од тимот на истражувачи од MIT, кои успеале да направат верзии на соларни панели кои се тенки и лесни како меур од сапуница.

Класичните соларни ќелии сончевата светлина ја конвертираат во енергија со користење на апсорбирачки силиконски супстрат кој мора да е нанесен на неколку слоја цврст материјал, обично на стакло.

Во овој случај, тимот користел флексибилен полимер наречен Parylene, и како супстрат и како материјал на кого се нанесува, како и органски материјал наречен DBP како примарен слој кој апсорбира светлина. Parylene-от, инаку, е комерцијално достапна пластична фолија која се користи за заштита на имплантирани биомедицински уреди и печатени кола од надворешни влијанија.



Целиот процес се одвива во вакумирана комора на собна температура, без користење на разни растворувачи – за разлика од процесот на изработка на конвенционални соларни ќелии кој се одвива на високи температури, со користење на јаки хемикалии.

Крајниот резултат се ултра-тенки флексибилни соларни ќелии кои се со дебелина од една педесеттинка од човечко влакно, т.е една стотинка од дебелината на обична соларна ќелија поставена врз стаклен супстрат, кои конвертираат светлина во електрицитет подеднакво ефикасно како и обичните ќелии.

Иако ова е само доказ дека концептов функционира, сепак е далеку од сериско производство додека дополнително не се усоврши и истестира. Кога тоа ќе се случи, вакви соларни ќелии ќе можат да се имплементираат врз скоро секаква структура каде што е важно да се со што помала тежина – облеки, хелиумски балони со кои се вршат испитувања, вселенски летала и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...