Парализираните повторно на нозе

Луѓето кои се парализирани од вратот, па надолу наскоро ќе можат да се надеваат на иднина во која никој нема да може да го забележи нивниот хендикеп.

-Секој кој има парализа наскоро ќе може да се движи во јавност, без притоа луѓето да забележат дека има било каков проблем, вели професорот Џон Донахју, од швајцарскиот центар за Био и Неуро инженеринг.

Пред 4 години, пациентката на Донахју, Кети Хачинсон, го изненади светот откако со помош на својот ум контролираше роботска рака со цел да се напие кафе.

Мал чип имплантиран во нејзината глава ги детектира невролошките сигнали генерирани од замисленото движење на раката. Овие импулси се пренесуваат преку жица до посебна единица надвор од телото, што соодветно ги интерпретира и ја поместува роботската рака.

Сепак, системот што беше употребен кај Кети е премногу комплициран за било кој пациент.

-Едноставно не беше практично, објаснува Донахју. Од тогаш до сега тој и професорот Арто Нурмико, колега од Браун универзитетот во САД, работеле на радио „мозок кутија“ што овозможува сигналите да се пренесуваат како Wi-Fi, од мини кутија која се наоѓа под кожата на пациентот. Овие сигнали за команда ги прима единица за обработка со големина на iPhone.

Системот за сега е успешно тестиран на животни, па професорот Донахју планира да започне со тестирањата врз луѓе во рок од две години.

-Работиме на тоа да создадеме направа што може да се имплантира во телото на пациентот, стимулатор што ги испраќа сигналите до нервите и предизвикува контракција на мускулите во раката, додава професорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...