Ако имате над 40 години треба да работите три дена во неделата

Работата може да ги стимулира мозочните клетки, но тоа не е со ист ефект ако имате 30 или 40 години.

Така, една австралиска студија покажа дека луѓето кои имаат над 40 години се најпродуктивни ако работат три дена неделно.



- Во средните животни години скратеното работно време може да биде ефикасно од повеќе причини, но прво поради одржување на здрава когнитивна способност, вели професор Колин Мекензи, еден од тројца автори кои работеле на студијата.

Дека тридневната работна недела е идеална за работниците постари од 40 години потврдија и други истражувачи на студијата.

Имено, кај учесниците во експериментот, когнитивниот ефект кај луѓето во повозрасни години од животот прво бил подобрен откако работната недела била зголемена до 25 часа. Меѓутоа, кај луѓето кои работеле повеќе од 25 часа неделно, вкупниот ефект бил намален поради засилената исцрпеност и стресот.

Во експериментот учествувале 3.000 мажи и 3.000 жени од Австралија и биле изложени на серија когнитивни стресови, а истовремено биле следени нивните работни навики.



Утврдено е дека најдобро ја вршеле работата тие кои работеле 25 часа неделно, додека тие кои работеле 55 часа покажале многу полоши резултати на тестовите, па дури и полоши и од тие учесници кои се во пензија или биле невработени.

- Многу земји планираат да ја зголемат старосната граница за одење во пензија, тоа значи дека луѓето ќе работат и во својата старост, вели Мекензи.

Според него, степенот на интелектуалната способност во голема мерка зависи од работното време. На пример, тоа може да биде меч со две острици, бидејќи работата ја стимулира мозочната активност, но ако е долготрајна, може да предизвика замор и стрес, што може потенцијално да ги оштети когнитивните функции.

- Потенцираме дека разликите во работното време кај возрасните се важни за одржување на когнитивното функционирање. Тоа значи дека, во средни и постари години, треба да се работи пократко ако сакаме да ги зачуваме когнитивните способности, вели професорот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...