Наночестички како третман за алергии

Алергиите се многу вообичаена појава, и во зависност од тоа на што се и колку се сериозни, тие можат да претставуваат од блага непријатност до хендикеп да се функционира нормално, а во одредени случаи алергија на нешто може да предизвика и смрт.

Благодарејќи на истражувачи од Northwestern University од Чикаго, постои шанса наскоро да се изнајде „универзален лек“ за сите алергии, кој користејќи го концептот на Тројански Коњ (за внесување во организмот) на телото ќе му дозволи да ги препознае вообичаените алергени како безопасни елементи (какви што всушност и се) против кои не треба да се бори.



Со години наназад, научниците се обидуваат да изнајдат превентива за човечкиот имунолошки систем да не „полудува“ кога е изложен на алергени како што се полен, прашина, животински влакна и сл. Меѓутоа, сега наместо да пробаат да го „смират“ имунолошкиот систем откога ќе изреагира на нив, тие се обидуваат со помош на наночестики овие познати алергени да ги внесат во организмот, поминувајќи ги заштитите на системот.

Оваа техника ја тестирале врз глувци кои биле алергични на јајца. Наночестичките кои го носеле алергенот биле направени од растворлив полимер одобрен од FDA (Американската асоцијација за храна и лекови), кој бил наполнет со протеин од јајце пред да бидат вбризгани во глувците. Вообичаено, глувците би покажале симптоми слични на астматичните, но бидејќи протеинот бил внесен во телото преку наночестички кои имунолошкиот систем ги сметал за „пријателски“, нивното тело не реагирало.

По завршување на третманот, глувците повеќе немале алергиска реакција на јајца и нивниот имунолошки систем покажувал знаци на зајакнување.

Доколку овој третман се усоврши и е функционален и кај луѓето, тоа значи дека во зависност која алергија сакате да ја елиминирате, единствено ќе биде потребно наночестичките да се „наполнат“, на пример, со полен, протеин од кикирики и сл. , и по нивното внесување организмот веќе ќе биде имун на нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...