Менување на боја на кожа и коса со матични клетки

Во иднината, научниците можеби ќе бидат во состојба да ја менуваат бојата на кожата и косата на луѓето, благодарејќи на најновата студија за матични клетки со која е лоциран механизмот кој ги контролира нивните бои.



Студијата е направена од научници од NYU Langone Medical Center и објаснува како контролата на клетките на кожата и косата (т.е на меланоцитните матични клетки) е регулирана од сигнални реакции кои одат од клетка на клетка.

Овие реакции се дел од Type B рецепторот на ендотелин (EdnrB) (Eндотелин е пептид одговорен за стегање на крвните садови и крвниот притисок), и на сигналните патеки на Wnt (направени од протеини кои ги спроведуваат сигналите во клетките низ рецептори на површината на клетката).

Со стимулирање на EdnrB патеките, повредената кожа кај белите глувци станувала темна при заздравувањето, а со блокирање на Wnt сигнализирањето и стопирање на меланоцитните матични клетки да се развиваат во меланоцити со нормална функција, глувците развиле непигментирано сивкасто крзно.

Овие резултати покажале дека EdnrB сигнализирањето игра критична улога во растењето и регенерацијата на одредени пигментирани клетки на кожата и косата и дека овие патеки се зависни од функционирањето на Wnt патеките.



Доколку се таргетира механизмот кој ја контролира бојата на кожата, научниците веруваат дека техникава може да се искористи да се репигментираат клетките оштетени од витилиго (болест карактеристична по губитокот на пигментацијата на кожата, од која боледувал и Мајкл Џексон).

Истата техника би се користела и за пребојување на белите влакна на косата, како и за корегирање на дисколорацијата која се создава околу раните на кожата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...