Наночестички за таргетирање на масното ткиво како проектили

Истражувачи од MIT и Brigham and Women's Hospital во Бостон тестирале нова метода за стимулирање на губитокот на тежина, со користење на наночестички за испорака на лекови против дебелина во специфични реони од телото.

Овие лекови го трансформираат белото адипозно ткиво (кое се состои од клетки кои ги складираат маснотиите) во кафено адипозно ткиво (кое се состои од клетки кои горат маснотии), и потоа промовираат процес наречен ангиогенеза – каде крвните садови растат внатре во масното ткиво и го забрзуваат горе опишаниот процес на трансформација.



Студијата била направена врз здебелени глувци, кои по 25 дена изгубиле 10% од телесната тежина и значително им била намалена шансата да заболат од дијабетес. Најдоброто од сè е тоа што по процесот тие не покажале никакви знаци на несакани ефекти.

Ниеден од лековите кои што се користеле не бил сосема нов или неодамна развиен, туку тоа биле вообичаени хемикалии кои се уште не се одобрени од FDA за третирање на дебелина кај луѓето (бидејќи тестирањата на луѓе не се ни започнати). Она што е специфично за методава е нивната испорака, а таа се одвива преку наночестички.

Молекулите кои ги пренесуваат лековите се создадени од PLGA, полимер кој во медицината од поодамна се користи за испорака на лекови во организмот. Надворешната обвивка е создадена од уште еден полимер наречен PEG, дизајниран исклучиво да ги таргетира протеините во крвните садови кои ги обвиваат адипозните ткива – на сличен принцип на кој што наведените проектили се насочуваат кон своите цели.

Целиот процес станува уште поефективен во комбинација со ангиогенезата, бидејќи со неа се зголемува растењето на овие крвни садови, со што тие стануваат по видливи за наночестичките.

Инаку, ангиогенезата може да е штетна доколку се случува низ целото тело, меѓутоа оваа нова метода значително го редуцира тој ризик бидејќи со неа се погодени само одредени делови на телото – што се покажало како безопасно преку резултатите добиени од тестовите со глувците.

Единствена пречка зад овој метод е тоа што истражувачите морале интравенозно да ја внесат супстанцата со молекулите за испорака на лекови во специфичните реони од телото, но се работи на изнаоѓање нови начини, како на пример со нивно голтање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...