Саморазградувачки мозочни сензори

Тим на истражувачи од University of Pennsylvania развиле сензори направени од слоеви од молибдениум и силикон, кои можат да ги следат мозочните сигнали (па и да испраќаат повратни назад во мозокот), и по одреден период да се разградат без да остават никаква трага.



Според зборовите на Brian Litt (водачот на овој проект), сензорите претставуваат огромен чекор нанапред во biosensing технологијата, бидејќи ги надминуваат сите ризици, цена, и нелагодности поврзани со операциите потребни да се извадат уредите кои сега се користат како сензори за пост оперативни набљудувања.

Овие уреди ќе бидат исклучително корисни за мапирање на неврофизиологијата и нервните модели на одредени ментални и невролошки нарушувања, како Паркинсоновата болест, депресијата и епилепсијата. Покрај тоа, би се користеле за пост оперативни набљудувања на состојбата на организмот, а би се вградувале и во уреди кои се користат во операции на срцето и мозокот.



Во меѓувреме, и кинески научници креирале сличен уред кој самиот се разградува, наречен „memristor” (скратено од memory resistor/мемориски отпорник), составен од силиконски филм излакиран со албумин (протеин од јајце), со вградени електроди од магнезиум и тунгстен. Овој чип може да функционира 3 месеци во сува средина, додека во влажна албуминот и електродите се разградуваат за 2 до 10 часа. Остатокот од материјалите се разградува во наредните 3 дена, не оставајќи значителна трага во организмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...