Сперма создадена од клетки од кожата

Научници од Шпанија успеале да претворат клетки од човечка кожа во микробски клетки, кои понатаму може да се развијат во сперма или јајце клетки користејќи ја процедурата за „ресетирање на гените“. Микробските клетки инаку се ембрионски клетки со потенцијал да се развијат во гамети (специјализирани полови клетки кои се спојуваат во процесот на полово размножување).



Целта на истражувачите била да се креираат гамети кај луѓето кои ги немаат. За тоа да се постигне, тимот додал „коктел од гени“ на кожните клетки, кои се претвориле во микробски после скоро еден месец. Иако овие микробски клетки можат да се развијат во сперма, тие не би имале способност да оплодат јајце бидејќи се потребни уште мутациски фази за да се создадат гамети.

Оваа потреба од понатамошни мутации е само една од пречките со кои што се среќава истражувачкиот тим. Строгите правни регулации врзани со креирање на вештачки ембриони се една од поглавните причини кои го лимитираат истражувањето, што значи дека пред да се направи некој вистински (и траен) напредок, потребно е соочување со уште многу научни и правни проблеми.

Порано годинава, кинески научници успеале од клетки од сперма создадена во лабораториски услови да оплодат јајце клетки од глушец, што резултирало со здрави глувчешки поколенија. Меѓутоа, човечките ембриони се далеку покомплексни, бидејќи не се знае дали децата родени користејќи вештачка сперма или јајце клетки ќе имаат некаква биолошка предност или ограничување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...