За сите оние кои размислуваат за тоа како да му се спротивстават на стареењето и да останат млади, еве една интересна информација.
Научниците од MDI Биолошката лабораторија во Бар Харбор, Мејн набљудувајќи ги морските ежови забележале дека истите со текот на времето не стареат како што се очекува.
И покрај тоа што ги имаат годините, регенеративните функции на ежовите не се намалуваат како што стареат, па така тие го задржуваат младешкиот изглед.
-Морските ежови изгледа дека не стареат дури и кога имаат краток животен век. Овие откритија се сосема неочекувани во однос на сите други теории кои ги знаеме за еволуцијата на стареењето, па затоа ќе мораме повторно да го анализираме процесот на стареење, вели професорот Џејмс. А.Кофман од MDI.
Изненадувачки морските ежови имаат слични генетички карактеристики со луѓето, па ова откритие можеби може да помогне во создавањето на некаков лек или препарат со кој еден ден ќе можеме да го спречиме стареењето.