Супер-хидрофобичен метал

Истражувачи од University of Rochester во САД измислиле метал кој е супер-хидрофобичен и сам се чисти.



Сите хидрофобични материјали кои се појавиле (било да се работи за цврсти материјали или некој вид на облека) досега всушност самите го немаат својството да ја одбиваат водата, туку се обични материјали испрскани со заштитен хидрофобичен слој, кој со тек на време се троши и го снемува, со што материјалот го губи тоа својство.

Новиот метал ги има хидрофобичните својства вградено во него, така што засекогаш ќе остане ефективен. За да се создаде овој материјал, легура направена од платина, месинг и титаниум била „пукана“ со ултра брзи изливи на ласерска светлина, од кои секој траел по една фемтосекунда (неколку квадрилионити делови од секунда – за споредба, односот на фемтосекунда спрема секунда е колку што е на секунда спрема 32 милиони години). Ова ја сменило структурата на металот така што создало минијатурни дупки, глобули и резби врз неговата површина, а нивната распореденост и количина определуваат колку многу или малку молекулите на течноста ќе реагираат при допир со неа. Така, металот може да се направи при контакт со течноста да ја разнесува рамномерно врз површината (нормално, без да ја впие па дури со процесот на изработка може и да се контролира правецот во кој ќе тече), или пак капките во допир со него веднаш да се одбиваат.



Металот е црн, што го прави исклучително корисен во уреди каде што е потребно собирање на светлина, како што се разни сензори или соларни панели. Покрај тоа, тој самиот се чисти, со антикорозивни и антимикробски својства и не се заледува. Тоа значи дека би можел да се користи за изработка на клима уреди или фрижидери кои никогаш нема да акумулираат лед, за полици на кои нема да се зафаќа прашина и за разни површини каде што никогаш нема да можат да опстанат штетни микроби.

Оваа инвенција ги заинтересирала и фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, поради потенцијалот да се користи за лесно собирање на вода од дождовите во сиромашните земји ширум светот.

За жал, за користењето на овој тип на метал во комерцијални цели ќе мора да се почека додека целиот процес значително не се усоврши, бидејќи моментално за да се изработи парче од 2,5 x 2,5см е потребен еден час.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...