Пронајден процес за можно опоравување на неврони

Постои надеж за развивање на нови третмани за невролошките заболувања, сега кога тим истражувачи од National Institute of Neurological Disorders and Stroke во САД откриле поврзаност помеѓу мобилизацијата на митохондриите во нервните клетки, и нивното повторно создавање/растење. Тимот смета дека ова е клучно за поправката на штетата нанесена на нервниот систем.

Митохондриите дејствуваат како овозможувачи на енергија за клетките, предизвикувајќи хемиски реакции кои на невроните им даваат енергија потребна за да ги шират нервните клетки низ телото. Некои аспекти од однесувањето на митохондриите се менуваат со тек на време, како што организмот старее.

Кај возрасните клетки, митохондриите се стационирани во едно место од протеинот наречен синтафилин, што значи дека не се подвижни како оние во младите клетки. Американскиот тим на истражувачи пробале да ја повратат мобилноста на митохондриите кај глувците, со тоа што генетички го тргнале синтафилинот од оштетените нервни клетки кои содржеле нефункционални митохондрии. Ова предизвикало повторно развивање на здрави митохондрии, што им дало на невроните способност да се регенерираат.



Научниците кои стојат за оваа студија велат дека резултатите од овие експерименти ќе им помогнат да изнајдат начин како да ги обноват нервните клетки и во човечкото тело, доколку истиве резултати ги добијат и во клинички тестирања.

За разлика од останатите клетки во човечкото тело, невроните не можат самите да се поправат/обноват, што е причината зошто некои заболувања како Алцхајмеровата болест имаат уништувачки последици по телото, а овој третман со реставрацијата на митохондријалната подвижност може значително да помогне во нивното лечење.


Некои научници дури сметаат дека митохондриите се способни и да се подмладуваат, со што би се пронашол начин за создавање на некаква „фонтана на младоста“, доколку тој процес се потврди и се изнајде начин да се искористи. Но сите овие истражувања се во нивните почетни фази, но првичните сознанија ветуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...