Сте доживеале ли парализа во сонот?

Се будам, не можам да се поместам, имам чудно чувство дека некој ми седи на градите, гледам сенки....Ви звучи познато?

Доколку сте поминале низ едно вакво помалку необично искуство, значи дека сте имале парализа во сонот. Оваа состојба најчесто се јавува кај луѓе кои имаат проблем со спиењето и кои се под голем притисок. Ја имаат и луѓе кои страдаат од најразлични ментални пореметувња, како и депресија и анксиозност.

Суштината на овој феномен се состои во тоа што вашиот ум се буди, но не и вашето тело. Состојбата може да трае од неколку секунди до неколку минути. Оние кои имале парализа во сонот велат дека почувствувале паника и страв, а некои од нив имале и застрашувачки халуцинации.

Парализата во сонот кај народот се објаснува и под терминот „синдром на старата вештерка“, односно верување дека кога вештерката седнува на градите на човекот кој спие, не му дава да дише и му предизвикува кошмари. Според истражувањата дури 60 проценти од луѓето поминале низ една ваква ситуација барем еднаш во текот на животот.

Парализата настанува во REM фазата на сонот. Оваа фаза трае и до 15 минути и се повторува на секој час и половина. За тоа време мозокот на некој начин се исклучува од остатокот на телото, односно стопира поголем дел од мускулните функции. Сè е во ред, до моментот кога во оваа фаза личноста не се разбуди, односно се најде помеѓу сонот и јавето.

- Се разбудив и не можев да се поместам. Не можев да вреснам, не можев да направам било што. Имав чувство дека нешто ме дави и дека доживувам паранормално искуство. Притоа бев мошне исплашена, раскажува една жена која поминала низ парализа во сонот.

Какво е вашето искуство?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...