Озонската дупка се обновува

Научниците откриле докази дека озонската дупка над Антарктик конечно почнува да се обновува, и доколку обновувањето продолжи, таа може комплетно да се затвори до 2050-та.

Оваа вест доаѓа скоро 30 години откога човештвото почна да го намалува или комплетно отстранува користењето на хемикалии штетни по озонската обвивка (поточно, од 1987-ма, кога повеќето земји го потпишаа Монтреалскиот протокол кој тие процеси ги направи задолжителни).

Во споредба со нејзината површина во 2000-та година, таа сега е намалена за 4 милиони километри квадратни, што е скоро половина од големината на САД.

Откога научниците во средина на 80-тите прв пат забележале дека таа сè повеќе се зголемува, тие ги мерат нивоата на озон секоја година во октомври, кога на Антарктикот завршува зимскиот период и станува посончев, бидејќи хлорот го нагризува озонот само кога има светлина и ладни ветрови.

Покрај мерењето на нивоата на озон од 2000 до 2015-та, тимот ја мерел и количината на сулфур диоксид испуштан од вулканите, кој дополнително влијае на уништувањето на обвивката.

Ова е само доказ дека доколку светот се сплоти, дел од еколошките проблеми можат да се решат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...