Навика на работното место која ни го уништува животот

Утринската рутина на младите личности вклучува проверување на меил, Facebook, Twitter, пиење кафе, проверување на временска прогноза, пишување со пријателите, одговарање на меилови... Односно мултитаскинг, кој е наше секојдневие.



Но, завршувањето на повеќе задачи истовремено е исцрпувачки, тврдат научниците. Кога се трудиме да завршиме повеќе работи истовремено, не може да се сконцентрираме на една задача туку се префрламе од една на друга. Токму тоа префрлување ни ја троши гликозата во мозокот која ни е потребна за фокусирање на завршување на задачите.

- Мултитаскингот нè исцрпува и на крајот сме многу повеќе уморни отколку само да решаваме една по една задача. Луѓето кои секојдневно се соочуваат со мултитаскинг пијат повеќе кафе и јадат повеќе. Но, тоа е погрешно бидејќи не ви треба кофеин, туку одмор. Ако не одмарате од работата на неколку часа, една шолја кафе нема да направи разлика, изјавил Даниел Левитин, невролог.



Студиите покажале дека луѓето кои прават 15 минути пауза на неколку часа се попродуктивни, но тие паузи мора да ве опуштат.

- Прошетајте, слушајте музика, читајте, но немојте да „дремете“ на Facebook, советува Левитин.

Глорија Марк, професорка на калифорнискиот универзитет, вели дека кога човек прекинува да работи на некоја задача, му требаат 23 минути и 15 секунди за да се врати на работата, а повеќето луѓе пред враќање на задачата завршуваат уште две попатни работи.

Хал Пашлер пак, кој е психолог во Сан Диего, објаснува дека не секој вид на мултитаскинг е штетен по здравјето. На пример, ако сте ставиле да перете облека, нормално е дека ќе се преокупирате со некоја друга работа додека пералната ги пере алиштата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...