Мал, лесен и евтин NFC сензор за токсични гасови

Истражувачи од MIT развиваат нов сензор погоден за носење кој ќе детектира токсични гасови и кој преку смартфони или останати безжични уреди ќе ги предупредува корисниците дека се во опасност.

Планот е сензорите да бидат дизајнирани да се ултра-лесни, слично како обична кредитна



картичка. Евентуално, технологијата би се адаптирала за да може да се носи/облекува.

Сензорот е всушност коло исполнето со јаглеродни наноцевки. За разлика од електричните жици (кои вообичаено се користат за вакви уреди) кои се изолирани со пластика, нанотубите се изолирани со полимер, кој се распаѓа при контакт со токсични гасови како што е гасот Сарин.

Губитокот на изолацијата ги прави нанотубите кондуктивни (т.е спроводници), при што се испушта сигнал до уред со NFC (near-field communication). NFC технологијата е идеална за вакво нешто бидејќи ги испраќа податоците на кратки дистанци без потреба од интернет конекција. Цената на изработка на еден ваков сензор би била околу 5 центи, а од само еден грам компоненти за јаглеродни наноцевки би можеле да се изработат 4 милиони сензори.

Податоците кои сензорот ги обезбедува се неповратни, што помага во определување на количината на токсичната материја на која што лицето било изложено, дури и откога таа ќе изветрее. Сензорите кои даваат повратни податоци ги менуваат бројките за количините во зависност од тоа колку се блиску или далеку до сигналот – на тој начин е многу тешко да се определи дефинитивната тотална вредност.

Освен за војниците (кои користат мноштво детектори за оваа цел, кои се гломазни и не се секогаш со нив), оваа технологија би можеле да ја користат и цивилите – на пр. оние кои работат во рафинерии или чие работно место е изложено на токсични гасови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...