„Временска машина“ за авокадо

Австралиска компанија тврди дека создала еден вид на „временска машина“ која ја блокира активноста на ензимот во авокадото одговорен за негово презревање/расипување/претворање во кафеава смеса.



Машината наречена Natavo Zero може да процесира 4000 авокада во еден час, и да ги чува свежи, исечени или во форма на пире, најмалку 10 дена откога ќе им биде отворена амбалажата.

За да го забави процесот на расипување на авокадото и продукти направени од него, Natavo Zero не користи никакви адитиви (како антиоксиданси и киселини) и конзерванси кои не само што го менуваат вкусот на овошјето, туку и многу малку влијаат да го запрат расипувањето откога ќе биде отворена амбалажата. Наместо тоа, машината користи технологија која го „гаси“ ензимот наречен полифенол оксидаза, со помош на флуктуации генерирани од пареа на притисокот и температурата.

За жал, компанијата ги крие точните детали околу процесот, а за горните тврдења во некои претходни студии биле пронајдени докази кои ги поткрепуваат. Тие велат дека Австралијанците можат да очекуваат продукти од авокадо направени со Natavo Zero подоцна годинава, додека остатокот на светот ќе треба да почека(ме).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...