Оаза за искористување на соларната енергија и ноќе

Секој час сонцето кон земјата испраќа повеќе од доволно енергија да ги задоволи глобалните енергетски потреби за цела година.

Но, и покрај разните долгогодишни истражувања врзани со ефикасното искористување сончевата енергија, досега немало изнајдено начин таа да се собира и навечер – што од сега би требало да се смени.



Во пустината Невада се наоѓа соларната оаза наречена Crescent Dunes, составена од висока централна кула опкружена со 10.437 стаклени панели со површина од над милион метри квадратни стакло. Оазата е способна да складира енергија доволна да опслужува со електрицитет 75.000 домаќинства за време на најголемата побарувачка и тоа 24/7.

За разлика од регуларните соларни панели инсталирани на покривите на куќите и на соларните фарми низ светот кои користат фотонапонска технологија и функционираат само дење, оние од Crescent Dunes можат да функционираат и навечер.

Оазата функционира на тој начин што полето огледала преку ден го следи движењето на сонцето, ја собира неговата енергија и ја рефлектира директно на врвот на централната кула, која претставува најнапредна технологија за складирање енергија во светот (складирање на стопена сол).



Откога ќе ја прими енергијата, кулата лачи калиум и натриум нитрат во резервоар од 25.000 метрички тони, загреан на 288°C, при која температура е во чиста, течна состојба.

Оваа течност потоа се дистрибуира во тенки цевки и кога ќе стигне до врвот на кулата каде што е концентрирана сончевата светлина, се загрева до 560°C и повторно се враќа назад и се сместува во голем резервоар.

Ваквата истопена сол ја задржува топлината и кога е потребно да се произведе енергија, тоа лесно може да се направи преку нејзино конвертирање во електрицитет преку класични парни турбини.

Еден град не би можел да се напојува само со фотонапонска технологија и ветер, но поради капацитетот на новата технологија тоа би било возможно со изградба на вакви слични оази – што претставува одлична алтернатива на фосилните горива, па дури и на нуклеарната енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...