Самообновувачки текстил

Тим истражувачи од Pennsylvania State University успеале да направат, парче од скината ткаенина самата да се „залечи“ т.е обнови.

По неколкугодишна работа на овој концепт, тимот успеал да креира течен биоразградлив материјал кој на речиси било кој скинат материјал му овозможува повторно да се спои (без употреба на игли) исто како да немал никакво оштетување.

Течноста е развиена со користење на бактерии и квасец и била тестирана во тек на изминатата година на материјали како памук, волна, и полиестер. При разните експерименти, било откриено дека течноста не само што го подобрувала квалитетот на материјалот, туку издржувала и машинско перење.

Сè што е потребно за да оштетениот материјал се врати во првобитната состојба е да се капне мала количина од течноста на него, да се додаде топла вода и да се притиснат рабовите на оштетениот дел – со тоа материјалот повторно се поврзува.

Melik Demirel, професор по инженерска наука и механика од Penn State и водач на овој проект, објаснил дека течноста може да функционира на два начини: производителите на текстил можат да ги премачкаат веќе готовите материјали со неа, со што тие ја добиваат способноста да се само-обновуваат, како и да се произведуваат текстилни влакна од овој протеин. Тој вели дека оваа креација ќе ги подобри облеките/униформите кои ги носат војниците, медицинскиот персонал и фармерите.

Сега засега ова функционира со додавање на вода и физички притисок, а нареден чекор би бил да се испита дали облеките би можеле да се само-обновуваат во веш машина, само со вода со зголемена температура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...